1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте притисокот од Јужна Америка врз Парагвај

Александар Методијев/миа/бета/ап25 јуни 2012

Венецуелскиот претседател Хуго Чавес изјави дека неговата земја ќе запре со испораката на нафта за Парагвај, во знак на протест против одлуката за разрешување на досегашниот парагвајски претседател Фернандо Луго.

https://p.dw.com/p/15KpG
Фотографија: Reuters

Чавес рече на воената парада во Каракас дека разрешувањето на Луго е незаконско и оти Венецуела нема да ја признае новата парагвајска влада. Чавез одлуката за смена на Луго ја спореди со пучот во Хондурас во 2009-та година, во кој беше симнат од власт претседателот Мануел Зелаја.

Според Хуго Чавез, смената на Луго може да предизвика притисок врз земјата, а посебно врз парагвајските пратеници, за промена на таквата одлука.

Одлуката на парагвајскиот Парламент за разрешување на Луго предизвика силно несогласување во Латинска Америка. Аргентина, Бразил, Венецуела, Еквадор, Колумбија, Уругвај и Чиле ги повлекоа своите амбасадори од Парагвај поради разрешувањето на Луго, а Перу планира да го стори тоа во брзо време.

Јужноамериканската регионална организација Меркосур го лиши Парагвај од правото да учествува во претстојниот форум во Аргентина на 28 и 29 јуни.