1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на жртви од земјотресот во Турција

24 октомври 2011

Турското министерство за внатрешни работи посочи дека до сега биле пронајдени околу 200 жртви на вчерашниот силен земјотрес што го погоди градот Ван на југоистокот на земјата.

https://p.dw.com/p/12xXL
Фотографија: dapd

Турските власти стравуваат дека бројот жртви може да се искачи до 1.000. Бројот повредени лица се проценува на неколку стотици. Спасувачките екипи и понатаму трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот имал силина од 7,2 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал во близина на границата со Иран.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле и американскиот претседател Барак Обама и’ понудија помош на Турција. Пораки со сочувство и понуди за помош дојдоа и од НАТО и ЕУ, а со таква порака се огласи и Израел, чии дипломатски односи со Турција се влошени.

Земјотресите во Турција се честа појава затоа што земјата се наоѓа на спој на повеќе тектонски плочи. Во 1999 година во два тешки земјотреса во северозападниот дел на земјата животот го загубија околу 20.000 лица.

Автор: ГЧ/ дв

Редактор: А. Трајковска