Расте бројот на жртвите од земјотресот во Филипините
16 октомври 2013Земјотресот со јачина од 7,1 степени во вторникот го погоди централниот дел на Филипините, недалеку од туристичката област Себу.
Според податоците на локалните власти, во земјотресот загинале најмалку 142 лица. Властите наведуваат дека бројот на жртвите би можел натаму да расте, бидејќи спасувачките екипи со потешкотии стигнуваат до оддалечените места каде се заробени голем број луѓе.
На Филипините во вторникот се славеше национален празник, па голем број граѓани беа во своите домови. Жртвите воглавно се од островот Бохол, каде беше епицентарот на ударот и каде земјотресот предизвика лизгање на земјиштето по што се урнаа голем број куќи и објекти.
Островите Цебу и Бохол се меѓу најпопуларните туристички дестинации на Филипините поради убавите песочни плажи и бистрата вода. Меѓу настраданите нема туристи.
Повеќе од 800 дополнителни потреси биле регистрирани по вчерашниот главен потрес, од кои два биле посилни од 5,1 степени.