Расте бројот на жртвите во Ирак
28 март 2007Реклама
Расте бројот на жртвите во ирачкиот град Тал Афар каде се случија експлозии на камиони бомби. Последната бројка е 50 загинати и над 130 повредени. Според полициски извори, камионите експлодирале во исто време на два пазари во градот кој се наоѓа 420 километри северозападно од Багдад.