Расправа за статусот на стечајците
7 февруари 2008Реклама
Во македонскиот парламент се очекува да започне расправа по законот за решавање на статусот на околу 6 илјади стечајни работници. Законот пред 10 месеци го иницираше владиниот колициски партнер НСДП. Пратеничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ најпрвин се спротивстави на решението но по личното изјаснување, пратениците се согласија да се расправа за можната социјална помош, што месечно би ја добивал секој од стечајните работници со 25 години работен стаж. По ваквите информации лидерот на стечајците, Стојан Стоајнов, најави прекин на блокадите кои три дена го парализираа Скопје.