1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расправа за извештајот на Грос

22 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CQOJ

Бирото на Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска во Братислава ќе расправа по извештајот на швајцарскиот пратеник Андреас Грос за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Во извештајот, како што вчера објави Дојче Веле, Грос забележува дека има елементи за отворање на нова истрага за случајот. Според Грос авионската несреќа кај Мостар веројатно била несреќен случај во кој не се одговорни само пилотите. Тој забележува повеќе неправилности во истрагата.