1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расправа во Бундестагот

18 март 2005

Реформи во оданочувањето на големите претпријатија кои се во интерес на стопанскиот пораст и отворањето нови работни места - се предлозите кои канцеларот Герхард Шредер ги изнесе пред Бундестагот во претпадневното експозе кое беше своевидна увертира на попладневниот дијалог мегу Владата и опозицијата за патиштата кои ке доведат до создавање нови работни места.

https://p.dw.com/p/AcGd
Герхард Шредер
Герхард ШредерФотографија: AP

Агендата 2010 има за цел да го сочува социјалниот карактер на државата.Хартц реформите имаат за цел на невработените да им дадат можност да живеат без поддршка од државата. Пет милиони и 200 илјади невработени се најголем предизвик - истакна во своето експозе канцеларот Герхард Шредер, кој пред попладневната средба со опозицијата во Бундестагот ја презенираше иницијативата за намалување на оданочувањата на претпријатијата и за заголемување грижата за младите и старите кои се без работа.

"Предлагам намалување на данокот на фирмите од 25 на 19 проценти" конкретизираше канцеларот повикувајки ја опозицијата на соработка. Тој едновремено најави дека реформите нема да доведат до нови задолжувања, а растоварувањ ке има и кај малите и стредните претпријатија. 250 милиони евра ке се насочат за регионални иницијативи за отворање работни места за повозрасните кои чекаат вработувања. Во пакетот кој треба да биде замаец за нови вработувања се и инвестициите од 2 милијарди евра за сообракајната инфраструктура, како и шест до осум милијарди евра за образовабнието, истражувањето и развојот.

"Канцеларот и германската влада во најдобар случај се коректори, но во никој случај архитекти на новата социјална пазарна економија на Германија "критикуваше од говорницата шефицата на опозиционата ЦДУ Ангела Меркел, која му забележа на канцеларот дека предлозите се неопипливи и немаат една јасна политичка линија. Таа сепак ја прифати фрлената топка околу иницијативите за намалување на даноците и вети фер разговори.

Претседателот на СПД Франц Минтеферинг најави дека реформискиот курс ке биде продолжен додека либералот Волфганг Герхард невработеноста од над 5 милиони ја оквалификува како неспосоност на владата. Разочарување од излагањето на канцеларот имаше и Едмунд Штојбер, прв човек на ЦСУ кој потсети дека секое четврто семејство е погодено од неврабостеноста, дека владата со својата политика придонесе во Германија да приостигнат многу луге кои работат на црно и дека за да има нови вработувања и подобрување на ситуацијата е неопходна и нова влада.

"Агендата 2010 за СПД е голем чекор, но премногу мал за Германија" - зјави Штојбер кој на канцеларот му порача дека на поппладневните разговори од него очекува конкретни предлози за поголема флексибилност на пазарот на труд, за разградување на бирократијата и за патиштата кон нови работни места.