1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расната дебата повторно се разгоре во САД

Геро Шлис/афп/Б. Георгиевски15 јули 2013

Американската јавност е потресена по ослободителната пресуда за убиството на 17годишен афроамериканец на Флорида. Убиениот немал оружје, но на убиецот му „делувал како провалник“. Обама повика на смирување на страстите.

https://p.dw.com/p/197eQ
Фотографија: Reuters

Американскиот претседател Барак Обама повика на смиреност откако судот на Флорида го ослободи Џорџ Зимерман од вина за смртта на црниот тинејџер Трејвон Мартин. Обама оцени дека смртта на Мартин е трагедија за цела Америка, но порача дека се работи за „земја со закони во која поротата пресудила“.

Случајот отвори жестока дебата за расното профилирање во САД. Мартин беше убиен од припадник на група граѓани кои ги има во речиси секој американски град и кои се организираат со задача да ја чуваат својата населба од натрапници. Цимерман го застрелал Мартин откако наводно овој прв го нападнал. Ослободителната пресуда го дигна на нозе градот Санфорд и предизвика бран демонстрации ширум земјата.

Една жителка, со одобрување од масата афроамериканци околу неа вели: „Седумнаесетгодишно дете го загуби животот бидејќи еден возрасен човек излегол од својот автомобил и ја зел правдата во свои раце, како да е полицаец. Притоа Трејвон бил на вистинското место затоа што тука живеел. Ние само знаеме дека во ваков правен систем нема правда“.

„Ќе се обединиме и ќе протестираме, и пред вилата на гувернерот. Луѓето од сите раси и бои на кожата заеднички ќе излезат против овој неправеден систем“, вели оваа жителка.

George Zimmerman im Prozess um Tod von Trayvon Martin freigesprochen
Џорџ ЦимерманФотографија: Reuters

Страв од одмазда

И интернетот е полн со осуди. Убиецот треба веднаш да се обеси, повикуваат многумина. Многумина не веруваат дека на Зимерман животот до таа мерка му бил доведен во опасност за да мора да го убие 17-годишникот. На Флорида убиството во самоодбрана е легален чин и не подлежи на кривична одговорност. Зимерман изјави дека Мартин имал качулка на главата и дека изгледал како провалник.

Во текот на процесот расното прашање не играше голема улога за судот. И голем број американски коментатори не сметаат дека убиството било сторено од расни причини, иако и меѓу нив има противречни мислења. На многумина, сепак, не им е јасно, зошто Зимерман не беше осуден за убиство.

Американското министерство за правда соопшти дека се разгледува можноста против Зимерман да биде поведена граѓанска постапка. Семејството на Зимерман, од друга страна, стравува дека тој би бил цел на одмазднички напади. Неговиот брат Роберт вели дека редовно добиваат закани по живот на социјалните мрежи. „Мојот брат ќе живее во страв до крајот на својот живот“, вели тој.