1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расизмот е глобален проблем

21 март 2007

Денеска светот го одбележува меѓународниот ден на борбата против расизмот: Различна боја на кожата, различни култури, различни религии, или се заедно, во многу општества предизвикува расистичко маргинализирање на поединци и групи. Расизмот не е феномен ограничен на времето на колонијализмот и ропството. Во ова време на глобализација доби нови форми. Како да му се застане на патот?

https://p.dw.com/p/AbyO
Меѓународна недела на борбата против расизмот: германскиот плакат повикува на еднаквост за сите
Меѓународна недела на борбата против расизмот: германскиот плакат повикува на еднаквост за сите

„Последната книга на Семјуел Хантингтон носи наслов „Кои сме ние? Кризата на американскиот идентитет„. Во оваа книга тој ја застапува тезата дека присуството на Латините, луѓе што доаѓаат од јужната американска хемисфера, претставува закана за американскиот идентитет. Кога еден мислител од Харвардскиот универзитет застапува вакви тези, тогаш кај секого треба да се запали аларамот„.

Ова се зборови на специјалниот известувач на Обединетите нации за расна дискриминација Дуду Диен, кој предупредува на растечкиот расизам во западните општества. Овој толерантен Швајцарец дури зборува за слаба политичка стратегија во борбата против расизмот и во неговата сопствена земја.

На светската конференција против расизмот во јужно-африканскиот град Дурбан во 2001 година повторно беше констатирано дека дискриминацијата и расизмот и натаму преставуваат светски проблем, а од државите беше побарано да подговат акциони планови:

„Во завршниот документ на конференцијата во Дурбан експлицитно беше констатирано дека особено бегалците и мигрантите се во ситуација да станат жртви на расистичка дискриминација. Новите форми на расизам во различни држави се дополнуваат со старите, силно вкоренети форми на расизам„, вели Петра Фолмар Ото од германскиот институт за човекови права во Берлин.

Но, како натаму? Петра Фолмар Ото предлага:

„Против расизмот може да настапува само ако се промени мислењето налуѓето. Занчи тоа не може да биде битка само со правни инструменти, туку битка поврзана со образование на светса, со работа во јавноста, со кампањи. Истовремено, меѓутоа, на луѓето погодени од расизмот да им се овозможи сами да се бранат од повредите на нивните права„.