1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рандеву со многу непознати

Моника Ломилер17 октомври 2008

Редовни прогнози за стопанскиот развој во Германија прават сојузниот министер за стопанство, банки, институти за економски истражувања и стручниот совет на Сојузната влада. Но, настаните често ги демантираат прогнозите.

https://p.dw.com/p/FbG4
Фотографија: DW-TV

Економските истражувачи имаат неблагодарна работа: иако со недели бдеат над бројките и фактите, многу пати во минатите години промашуваа со прогнозите и по само неколку месеци мораа да ги коригират. „Проблемот не е во прерано давање на прогнозите, туку мора секогаш да се биде подготвен за промена на своето мислење долоку се променат рамковните услови. Во таков случај и прогностичарот треба да биде подготвен своите прогнози така да ги ревидира, што тие ќе го покажат новиот развој“ - вели Штефен Остерло од Центарот за европски економски истражувања од Манхајм.

Прогностичарите воздржани кај оптимистичките прогнози

Сите експерти, на пример, многу го потценија силниот стопански замав започнат во 2006-та година, кој до денес значително се отсликува и на пазарот на работна сила. „Како причина за тоа веројатно би можела да се смета несигурноста во однос на големата коалиција; посебно тешко можеа да бидат квантифицирани влијанијата на покачувањето на данокот на додадена вредност. Но, главна причина веројатно е се’ поголемата воздржаност на прогностичарите во однос на прогнозите - тие покажаа значителна воздржаност кај оптимистичките предвидувања, оти во изминатите години токму преоптимистичките прогнози беа погрешни“ - анализира Остерло.

Прогнозите - добар тип за идниот развој на настаните

Така, дури и оптимистите беа многу изненадени дека германското стопанство во 2006-та забележа раст од 2,7 проценти, за прв пат по бумот во 2000-та. Тогаш експертите ги потценија динамиката на извозот, силните инвестиции, замавот што го донесе светското фудбаслко првенство во Германија и интензивираната приватна потрошувачка во предвечерјето на покачувањето на данокот на доадена вредност. „Прогнозите никогаш не можат точно да ни ја покажат реалноста. Тие секогаш можат да ни дадат многу добар тип за идниот развој - иако тоа не мора безусловно да биде точно до втората децимала“, е резимето на Штефен Остерло.