1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рамсфелд во тероризмот гледа нов вид фашизам

31 август 2006

Оној кој ја критикува војната која Американците ја водат против тероризмот,придонесува за деморализирање на населението,изјави Рамсфелд во говорот пред ветераните од Американската легија во Солт Лекј Сити.

https://p.dw.com/p/Adxn
Доналд Рамсфелд
Доналд РамсфелдФотографија: AP

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд смета дека светот е загрозен од нов вид фашизам.Тој предупредува од оваа опасност,која порано,во времето пред Втората Светска војна била потценета,кога многумина заканата од фашизмот ја оценувале за претерана.

Рамсфелд ги споредува критичарите на антитерористичката војна која ја водат САД со оние кои во триесеттите години на претходниот век избегнале конфронтација со Хитлер.Денеска човек стои пред слични предизвици,имено пред заканата од нов вид фашизам,рече министерот за одбрана пред ветераните од американската легија

-Но,се чини дека некои не ги научиле нивните лекции од историјата.

Говорот на Рамсфелд е очигледно дел од стратегијата на владата на Буш,на крајот на летото да премине во офанзива и војната во Ирак да ја претстави и одбрани како дел од борбата против тероризмот.На критичарите на САД Рамсфелд им префрлуваа за деструктивни погледи и реторички ги прашува:

-Дали можеме навистина да си ги дозволиме овие уништувачки погледи,дека Америка ,а не непријателот е причина за сите зла на овој свет?

Рамсфелд остави отворено кој ги шири овие тези,но потенцираше што е за него важно во оваа нова долга војна:

-Моралната или интелектуалната нејасност,кој е во право ,а кој не,може да ги ослаби способностите на слободните општества.

Значи,американскиот министер за одбрана бара морална јасност и тој знае на чија страна стои неговата влада,односно,на вистинската.Очигледно,владата на Буш со оваа порака сака да излезе на изборите за Конгресот и за Сенатот во ноември.