Ракомет: Германија не е фаворит
20 јануари 2013„Не го гледам нашиот тим како фаворит против Македонија“, вели тренерот на германските ракометари Мартин Хојбергер (фото горе), а пренесува првата германска телевизија АРД.
Во особено сеќавање на Германците е натпреварот против Македонија на Европското првенство во Србија, кога беше извојувана победа од само еден гол разлика 24:23.
„Би бил среќен кога и овој натпревар би завршил така“, нагласува Мартин Хојбергер, за кого тогаш натпреаврот во Ниш беше првиот голем тест како национален тренер на меѓународна сцена. На Европското првенство Македонија заврши на петтото место и беше за две места подобра од Германија.
Германскиот противник - Македонија, има добри играчи, во тоа нема дилема, анализира првата германска телевизија АРД, но додава дека со добра игра како против Франција, репрезентацијата на Германија би требало да победи.