Ракометарките седми во Европа
12 декември 2008Реклама
Македонската селекција со победа го заврши настапот на Европското првенство. Победата над Белорусија предизвика вистински овации од публиката во салата.
Македонските ракометарки беа доминантни во текот на целиот натпревар. Противничките од Белорусија во ниту еден момент не ја загрозија победата на Македонките, предводени од Бујанова која даде шест голови. Голем придонес за победата даде и Андрејева на голот, која успеа да одбрани дури 19 удари. „Ова е најголем успех на било која женска репрезентација на Македонија. Остваривме историски успех“ - нагласи голманот на македонската репрезентација.