1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракетен напад во Синај

ЕМФ/ртр/афп19 август 2013

Во напад на северот на египетскиот Синајски полуостров, денеска (19.08) загинаа најмалку 24 полицајци, а повредени се уште тројца. Двата минибуси во кои се превезувале полицајците биле погодени од ракети.

https://p.dw.com/p/19Rzf

Минибусите биле на пат кон Рафах, на границата кон Појасот Газа. Се претпоставува дека зад нападот стојат исламистички екстремисти.

Безбедносната состојба на Синајскиот полуостров значително се влоши по падот на долгогодишниот властодржец во Египет Хосни Мубарак пред двеипол години. Радикално-исламистички групи има пред се‘ на северот од полуостровот, на границата со Израел. По соборувањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси, на почетокот на јули годинава, насилството уште повеќе се зголеми. Оттогаш речиси секојдневно се случуваат напади.

Ägypten Räumung des Mursi Anhänger Lagers in Kairo 14. August 2013
Фотографија: picture-alliance/dpa

Конфликтот меѓу приврзаниците на Мурси и новото воено раквоодство во земјата ескалираше на средината од минатата недела. Во крвавите судири меѓу безбедносните сили и исламистите во Египет загинаа повеќе стотици луѓе.

Во текот на вчерашниот ден, во обид на исламисти да избегаат од конвој со затвореници, убиени се најмалку 35 припадници на Муслиманското братство. Министерството за внатрешни работи соопшти дека исламистите починале од солзавецот употребен од страна на полицијата. Муслиманското братство, пак, тврди дека неговите членови се „убиени“.