Разоружување, помирување и стабилност
29 декември 2006Со поддршка од армијата на Етиопија, сомалиската преодна влада има намера да воведе ред во Могадишу. Вчера во градот навлегоа оклопни возила и војници на алијансата. Сомалксиоот министер за информации Али Ахмед Џама утрово изјави „Владата сега контролира во цела Сомалија и ќе стори се за да ја изгради регионалната управа и ќе продолжи со просецот на помирување и разоружување. Освен ова владата ќе се погрижи и за обнова на инфраструктурата. Се наоѓаме во нова ситуација, во која сомалиската влада не мора да преговара со никого.“
Унијата на исламските судови се повлече без борби. Но војната сеуште не е завршена. Премиерот Мохамед Геди од утре сака да воведе воено право, со што би ги отсранил милициите и водачите на војната. Лордовите на војната со години меѓусебе си го делеа градот Могадишу кои во јуни беа протерани од исламистите. Но сега се вратија како дел од победничката алијанса, сепак сомалиската преодна влада има намера да ги разоружа.
Како една од правите мерки преодната влада укина некои од забраните кои ги воведоа Исламисите, меѓу нив забраната за кино и поп музика. Освен ова повторно е дозволено да се употребува дрогата за џвакање Кат.
Портпарол на владата рече дека една од најважните работи на владата, е да се грижи за стабилност во Могадишу, и по 15 години анархија да формира функционирачки државни институции.
Преодната влада беше подржувана од етиопските трупи. Премиерот на Етиопија Мелес Зенави по преземањето на Могадишу рече „Мислам дека исполнивме 75 проценти од нашата мисија. Но имаме уште многу задачи. Конечно сеуште постојат екстремистички елементи.“
Зенави даде уверување дека Сомалија ќе ја добие потребната подршка од христјанската Етиопија. „Нема да дозволиме Могадишу да изгори. Ќе ја подржуваме преодната влада во се што придонесува да се стабилизира ситуацијата во Могадишу.“
Населението во Могадишу е во очекување. Во текот на вчерашниот ден имаше ограбувања и се слуша истрели во градот, многу луѓе од страв не ги напуштаат своите домови, другите ги поздравија новите властодршци со цвеќиња. Група сомалиски бегалци вчера стигна и во Јемен, а исламиситите ги симнаа турбаните и ги избричија брадите, некои од нив остварија контакти со дипломати во Наироби. Сеуште не се знае дали и колку интензивно тие ќе бидеат прогонувани.