1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Размената на удари се вжештува

28 јули 2008

Барак Обама со својата турнеја во странство се промовираше во политичка суперѕвезда.Меѓутоа кандидатот на Демократите за претседател на САД, со жестоки критики беше дочекан од свој конкурент Републиканецот Џон Меккејн.

https://p.dw.com/p/El8v
Обама одржа говор пред 200 илјади луѓе во БерлинФотографија: AP

По враќањето од неговата предизборна турнеја во Европа и на Блискиот Исток , кандидатот за претседател на САД од редовите на Демократската партија наиде на жестоки критики од противничкиот табор.

Наместо со ранети војници се сретнал со „полтронски Германци“

Наместо за време на неговиот престој во Германија да ги посети ранетите американски војници , сенаторот Барак Обама се придржувал кон својата агенда и се сретнал со врвни меѓународни политичари и полтронски Германци- изјави Такер Баундс, портпарол на кандидатот на Републиканците за претседател на САД, Џон Меккеин за магазинот „Нејшн“ . Откажаната посета на американската воена болница во Ландштул и на американската воена база Рамштајн , се показатели за недостатокот на искуство и способност за расудување кај Барак Обама- истакна Меккеин за телевизијата Си Ен Ен . Тој уште порача:

„ Нашиот амбасадор во Ирак во основа рече дека ние успевме во нашата стратегија. Сега сенаторот Обама , не сфаќа . Тој не сфаќа каков е влогот тука. И тој одлучи да тргне по политичка патека , која ќе му помогне за номинацијата во неговата партија. Јас тргнав по патека за која знаев дека не е популарна , бидејќи знаев дек мораме да победиме во Ирак. И ние победуваме во Ирак“

Потребно е чуство на понизност во надворешната политика

Обама истотака на СиЕн Ен пак го бранеше неговото патување во странство. „Сметав дека ова патувае е важно , зашто сум убеден, дека дома сме конфронтирани со проблеми , кои не би можеле ефикасно да ги решиме без силни партнери во странство“-рече Обама додавајќи:

„ Една од работите за кои сметам дека е важна без оглед кој е претседател , е да се осигура дека ние се проектираме себеси на светската сцена со чуство на понизност , чуство дека ги слушаме другитте , бидејќи еден од проблемите со нашата надворешна политика е во чуството дека нам ни е многу јасно кои се нашите интереси , но недоволно јасно какви се интересите на другите луѓе. И тоа не прави помалку ефикасни во унапредувањето на нашата безбедност и во прашањата кои се важни за нас“