1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Различно толкување на пораките од Брисел

Александар Чомовски9 декември 2008

Дали укинувањето на шенгенските визи ќе зависи од спорот со името, како што најави францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер? Политичарите во Македонија имаат различен одговор на ова прашање.

https://p.dw.com/p/GCTW
Францускиот министер за надворешни работи, Бернар КушнерФотографија: AP

Изјавата на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, дека Македонија без решениe во спорот со името нема да добие визна либерализација, делуваше како отрезнување.

За претставниците од власта, Европа си го покажува вистинското лице. „Ова е конечно демаскирање на европскиот став кој беше соопштуван во кулоарите на ЕУ, но не и во официјалните изјави“, вели Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Според опозиционерот од СДСМ, Андреј Петров, "македонската влада мора да ги исполни сите политички критериуми и да го затвори спорот за името". Холандската амбасадорка во Скопје, Симоне Филипини не сакаше да ја коментира изјавата на шефот на француската дипломатија. Таа повтори дека, „кога Македонија ќе ги исполни потребните критериуми во секој случај ќе стане дел од ЕУ “.

Visum für Deutschland
Македонија се надева дека догодина ќе има безвизен режим со ЕУФотографија: DW

Да се избегнуваат изјави штетни за односите со Грција

Македонскиот владин тим на последните консултации во Брисел замина со благ оптимизам, дека е можно земјата во 2009 да добие безвизен режим како еден вид политичка и морална сатисфакција. Пред се’ за завршените реформи во полицијата, изработувањето на новите пасоши, и подобрената контрола на граничните премини за што од Брисел добиваше релативно позитивни оценки. Но, министрите за надворешни работи, Антонио Милошоски, и за евроинтеграции Ивица Боцевски, на консултациите со Кушнер, евродипломатот Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, очигледно не добија многу позитивни сигнали. Европската тројка, за првпат побарала во Македонија да се избегнуваат изјави кои влијаат врз односите со Грција.