1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раздор во партијата на Берлускони

ЖА/дв/дпа/афп/ртре26 октомври 2013

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони со нови маневри се бори за своето политичко преживување, ставајќи ја својата партија пред опасност од расцеп.

https://p.dw.com/p/1A6XN
)
Фотографија: Reuters

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони со водечки претставници на својата конзервативна партија „Народ на слободата“ ја преименува повторно во „Форца Италија“. На таков начин тој ја обнови синоќа (25.10.2013) својата стара партија „Форца Италија“ и ја потврди својата поддршка за коалициската влада на левицата и десницата.

Берлускони тоа го објави по средбата на сегашната партија „Народ на слободата“, која треба да биде распуштена. Милијардерот ја формира „Форца Италија“ во 1994 година кога влезе во политиката. Берлускони изрази уверување дека присутните на состанокот едногласно гласале за обновување на старата партија. Петмина претставници на „Народ на слободата“ во Владата, меѓу кои вицепремиерот и министерот за внатрешни работи не присуствуваа на средбата поради што е можна поделба на владејачката десноцентристичка партија во Италија. На почетокот на октомври членовите во владата од „Народ на слободата“, предводени од министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано, го спречија обидот на Берлускони да го собори од власта италијанскиот премиер Енрико Лета. Какви последици по стабилноста на владата ќе има новиот маневар на Брелускони, не може да се предвиди. 77-годишниот политичар по своето осудување за даночна измама се бори за политичко преживување, зашто му се заканува одземање на мандатот во Сенатот. За да го спречи тоа, Берлускони се заканува со нов обид за уривање на владата.Сенатот на пленум треба да реши дали на Берлускони ќе му биде одземено местото поради пресудата против него. Ако Демократската партија на Лета гласа за одземање, ќе биде потврдена „партиската пресуда“, изјави Берлускони, по што ќе биде тешко продолжувањето на заедничката соработка во владата, се заканува тој. Ако сенаторите гласаат на Берлускони да му биде одземено местото во Сенатот, медиумскиот магнат истовремено ќе го загуби и парламентарниот имунитет. Потоа би следувало спроведувањето на миланскиот суд според кој Берлускони две години не смее да извршува јавна функција.

Поранешниот италијански премиер летоска беше осуден поради даночна измама на четири години затвор. Како последица на амнестија, казната беше намалена на една година. Но, поради својата старост Берлускони не мора да оди во затвор, туку казната може да ја отслужи и во форма на социјална работа.