1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радост и тага во Рим

5 март 2005

Еден месец по нејзиното киднапирање во Ирак, италијанската новинарка Џулијана Згрена е ослободена. По ослободувањето на патот кон аеродромот, американските сили по грешка пукаа во нејзиниот автомобил, по што Згрена беше префрлена во болница во Багдад.

https://p.dw.com/p/AcGr
Џулијана Згрена, новинарка на „Ил Манифесто“
Џулијана Згрена, новинарка на „Ил Манифесто“Фотографија: AP

Радоста во Италија за ослободувањето на новинарката Џулијана Згрена траеше кратко. Имено на патот кон аеродромот се одигра драма, американските војници по грешка пукаа врз автомобилот со који италијанските тајни служби ја превезуваа Згрена до аеродромот. Во инцидентот животот го загуби 50 годишниот Никола Калипари, Џулијана Згрена и уште еден припадник на тајните служби се повредени.

Габриеле Паоло, главниот и одговорен уредник на весникот „Ил Манифесто“ , за кој работи Џулијана Згрена истакна:

„Се чинеше дека се добро помина, кога во близина на еден контролен пункт американска патрола отвори оган врз лица, кои очигледно беа невооружени. Еден од агентите и Џулијана Згрена се повредени, еден агент на тајните служби е убиен. Токму оној кој најмногу се заложи за ослободувањето на Згрена и кој во изминатите недели ни стана добар пријател. “

Италијанскиот претседател Карло Чампи изрази задоволство поради ослободувањето на Згрена но истовремено и потресеност поради убиството на агентот. Во текот на ноќта на јавноста и се обрати и италијанскиот премиер Силвио Берлускони:

„За жал, она што требаше да биде радост за целата земја премина во длабока болка, поради смрта на храбар човек.“

Берлускони додаде дека за овој случај некој мора да ја преземе одговорноста.

Американскиот претседатл Џорџ Буш во телефонски разговор му изрази сочувство на италијанскиот премиер, и истакна дека САД ќе преземат истрага за случајот.