Работнички суспендиран од УЕФА
21 август 2012Европската фудбалска унија УЕФА суспендираше двајца фудбалери на скопски Работнички поради допинг и го исфрли клубот од европските натпреварувања во траење од една година. Фудбалерите Милован Петровиќ и Дино Најдоски биле позитивни на допинг тестот по минатогодишниот дуел против Лацио во квалификациите за Лига Европа. Двајцата нема да можат да настапуваат во тековната сезона. Меѓу казнетите се и физиотерапевтот Дарко Велчевски и клупскиот лекар на Работнички, Михајло Ивановски и тоа со две и тригодишни забрани за работа. Скопскиот клуб ќе мора да плати и казна од 30 илјади евра.
Од УЕФА не соопштија кои недозволени средства ги користеле фудбалерите, а Работнички има право на жалба на одлуката, иако таа е помала од она што се очекуваше.