1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Работните места сигурни, глобализацијата шанса

Силвера Падори29 август 2007

Германците имаат се поголема доверба во стопанството! Тоа го покажа една анкета која ја спроведе стопанскиот подмладок на Германија врз 11.313 испитаници.

https://p.dw.com/p/BWUA
Германците повеќе и веруваат на економијата во својата земјаФотографија: picture-alliance/ dpa

„Германија во моментов не е земја на песимисти и ноторни критичари. Дури 65 проценти од анкетиераните веруваат дека позитивниот стопански тренд ќе продолжи и наредната година. Минатата година овој процент изнесуваше 46 отсто. Сепак, во источните покраини ситуцијата не е оценета толку позитивно: во Тирингија оптимисти беа 52 проценти, во Долна Саксонија 55, во Берлин Бранденбург 60 проценти” - истакна претседателката на Здружението на младите стопанственици Кирстен Хиршман за резултатите од анкетата за стопанските трендови кое е подобро и од 2000 тата кога во земјата беше регистриран вистински коњуктурен бум.

Но, и покрај зголемениот оптимизам, граѓаните се скептични кога е во прашање личната благосостојба. Намален е бројот на оние кои сметаат дека ќе заработат и ќе имаат повеќе пари во семејниот буџет. Ова се должи пред се на реалниот пораст на трошоците за енергенсите, но и на зголемените давачки за здравственото и социјалното осигурување.

Со зголемената доверба во коњуктурата рекорд постигна и довербата во сигурноста на работното место. Дури 79 проценти од испитаниците своето работно место го оценуваат како сигурно, што е воопшто највисок регистриран процент. Минатата година довербата во работните места беше дури 11 проценти пониска.

Испитувањето покажа дека и кога се во прашање работните места, флексибилноста е намалена и само половината од Германците се подготвени да направат отстапки - да работат подолго! Но, учесниците во анкетата не сметаат дека оптимизмот и позитивните трендови се заслуга на големата коалиција.

„На половина од легислативниот период, работата на Владата е оценета како задоволителна или нумерички 3,3. Минатата година оценката беше 3,4. Значи нема суштински промени. Инаку, само 18 проценти работата на владата ја оквалификуваа како добра или многу добра" - кажува Хиршман која коментира дека е направен вистински "еленски скок" во вреднувањето на глобализацијата: „Место закана, на глобализацијата сега се гледа како на шанса.Лани 57 проценти од анкетираните сметаа дека Германија со глобализацијата е губитник. Сега овој процент е 39. И обратно: место 13, сега 39 проценти од учесниците во анкетата се на мислење дека Германија со глобализацијата добива”- подвлече Кирстен Хиршман претседател на Здружението на млади стопанственици.