1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин ја прифати претседателската кандидатура

27 ноември 2011

Владимир Путин ја прифати номинацијата од неговата партија „Единствена Русија“ да биде нејзин кандидат на претседателските избори што ќе се оддржат на 4 март наредната година.

https://p.dw.com/p/13Hzp
Владимир Путин се обраќа пред делегатите на „Единствена Русија“Фотографија: dapd

Рускиот премиер Владимир Путин ја прифати номинацијата на „Единствена Русија“ уште пред таа да биде предмет на гласање на изборниот партиски конгрес на кој учествува и актуелниот претседател на државата, Дмитри Медведев. Путин и Медведев во септември најавија дека наредната година имаат намера да ги заменат функциите.

Анкетите на јавното мислење сугерираат дека Путин, кој беше руски претседател од 2000-та до 2008-ма година ќе победи на претседателските избори и ќе се врати на врвната функција во руската држава по четиригодишна пауза.

Dmitri Medwedew und Wladimir Putin
Претседателот Дмитри Медведев и премиерот Путин наскоро ќе ги заменат врвните функции во РусијаФотографија: picture-alliance/RIA Novosti

Прагматичен тајминг за номинацијата на Путин

Анкетите меѓутоа покажуваат дека во последно време опаѓа неговата огромна популарност а неговата партија „Единствена Русија“ би можела да го загуби дво- третинското мнозинство во долниот дом на парламентот- Думата на парламентарните избори што треба да се одржат на 4 декември.

Затоа тајмингот на објавата на кандидатурата на Путин на конгресот на „Единствена Русија“ , која беше однапред јасна, треба да и‘ послужи на партијата да направи уште еден исчекор во популарноста пред гласањето на 4 декември.

Путин во обраќањето пред делегатите на конгресот на „Единствена Русија“ ги предупредупреди странските држави да не се трудат да влијаат врз исходот на парламентарните и претседателските избори во Русија.

Автор: СН/ЖА/ртр/афп

Редактор: Ж. Ацеска