1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин не сака мешање од странство

ЖА/дв/дпа/афп/дапд12 декември 2012

Русија има свое сфаќање за демократијата и ќе ги игнорира сите донесени стандарди од странство, изјави шефот на Кремљ во својот говор. Тој од своите сонародници побара поголема национална гордост.

https://p.dw.com/p/170TV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Рускиот претседател Владимир Путин нема да дозволи лекции од западните земји по прашањето на демократијата:

„Директни или индиректни странски вмешувања во нашите политички процеси не се дозволени“, изјави тој кратко и јасно.

Путин со тоа јасно одговори на критиката на неодамна усвоениот закон според кој соработниците на невладини организации кои добиваат пари од странство, ќе бидат регистрирани како „странски агенти“.

„Оние кои добиваат пари од странство и им служат на странските интереси, не треба да се ангажираат во руската политика“, побара 60-годишниот шеф на државата во големата сала во Кремљ пред стотиците гости во Москва. Ова беше првиот јавен говор на Путин по неговиот повторен избор на чело на државата во март.

Тежиште на неговиот говор за состојбата на нацијата беа социјалните прашања. Тој вети отворање нови 25 милиони работни места како и поттик за вработување на наставници, лекари и инженери. Путин освен тоа побара „повторно раѓање на националната самосвест“. Русија страда од „недостаток на духовен стожер“. Затоа е потребно зајакнување на моралната и духовната основа на општеството, смета Путин, најавувајќи истовремено налог до институциите да го претставуваат „националниот и спиритуелен идентитет“ на Русија. Со тоа веројатно Путин алудира на Руската православна црква, која треба да добие уште поголема државна поддршка. И руската војска ќе биде дополнително поддржана, најави тој, со што ќе се гарантира независноста и безбедноста на земјата.