1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин: Не ми требаат валкани трикови за да победам на изборите

27 декември 2011

Рускиот премиер Владимир Путин отфрли каква било проверка на изборните резултатати порачувајќи дека нему не му се потребни валкани трикови за да победи на претседателските избори наредната година.

https://p.dw.com/p/13ZrJ
Рускиот премиер Владимир ПутинФотографија: picture-alliance/dpa

„Изборите завршија. Не може да се зборува за каква било проверка на резултатите“ , изјави денеска рускиот премиер Владимир Путин , осврнувајќи се на таквите барања од страна на опозицијата. „Има само еден начин да се оспорат резултатите кој е пропишан од законите- жалбите до судот“, изјави Путин пред Серускиот народен фронт, коментирајќи ги протестите за време на викендот против резултатите од парламентарните избори.

На опозицијата и недостасуваат идеи

Рускиот премиер додаде дека нему не му се потребни валкани трикови и фалсификати за да ја освои довербата на народот на изборите за претседател на државата што ќе се оддржат на 4 март 2012 година .

Proteste in Russland
Од протестите во Москва на 24 декемвриФотографија: DW/Egor Winogradow

„Јас сум заинтересиран изборите да бидат максимално транспарентни. Сакам на сите тоа да им биде јасно. Сакам да се потпирам на волјата на народот, неговата доверба, бидејќи без тоа, нема смисла да се работи“, нагласи рускиот премиер.

Путин притоа ја обвини руската политичка опозиција за недостиг на идеи и лидери.
„ Проблемот е што тие немаат единствена програма, тие имаат многу одделни програми. Освен тоа немаат ниту стратегија за постигнување на своите цели, ниту луѓе способни да преземат нешто конкретно“, изјави рускиот премиер.

Автор:СН/БГ/ртр/афп/миа

Редактор: Борис Георгиевски