1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин не ги амнестира најжестоките критичари

АТ/ дпа/ афп17 декември 2013

Илјадници затвореници во Русија треба да бидат ослободени, меѓу нив и две членки на бендот „Пуси Рајот“. Рускиот парламент ја прифати амнесијата за затворениците што ја предложи претседателот Путин.

https://p.dw.com/p/1AbBO
Фотографија: ALEXANDER NEMENOV/AFP/Getty Images

Рускиот претседател Владимир Путин, во рамките на една историска амнестија ќе ослободи илјадници затвореници. Неговиот декрет за амнестија беше прифатен во првото читање во државната Дума, рускиот парламент. Конечното усвојување, кое е планирано за утре, се смета за формален чин. Повод за ваквата голема амнестија во поновата историја на Русија е 20 годишнината на државниот устав.

Надеж за активистите на Гринпис

Меѓу амнестираните треба да се најдат и двете музичарки на панк бендот „Пуси Рајот“, кои беа осудени на две години казнен логор, поради критички настап против претседателот Путин. Нивната затворска казна треба да заврши во март идната година. Властите меѓутоа имаат време од неколку месеци да ја спроведат амнестијата.

Nadeschda Tolokonnikowa und Maria Aljochina Punkband Pussy Riot Russland Gericht
Членки на „Пуси Рајот“Фотографија: picture-alliance/dpa

Исто така од помилувањето можат да профитираат активистите од организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“, кои протестираа против уништувањето на природата во Арктикот и во меѓувреме се обвинети во Русија.

„Амнестијата треба да се однесува на луѓе кои веќе се осудени и се наоѓаат во затвор, но и оние кои се пред суд и се под истрага“, рече пратеникот Павел Крашенинков.

Најострите противници на Путин меѓутоа нема да бидат помилувани. Поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски, кој веќе десет години е во затвор, останува таму. Исто така и опозиционерот Алексеј Навални, кој има условна казна од пет годони казнен логор порди проневера, нема да биде помилуван.

Сигнал за Сочи?

Набљудувачите на амнестијата гледаат како на сигнал од претседателот Путин до Западот пред првите Зимски олимписки игри во Русија. ЗОИ треба да бидат отворени на 7. февруари во Сочи. Некои западни политичари, меѓу кои и германскиот претседател Јоахим Гаук, претседателот на Франција Франсоа Оланд и ЕУ комесарката Вивијан Рединг неодама го откажаа свото присуство на Игрите.