1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин на Денот на победата

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5u

Рускиот претседател Владимир Путин одбележувањето на 62-та годишнина од завршувањето на војната го искористи за индиректна критика врз Естонија. Пред многумина ветерани, војници и носители на одликувања, Путин го критикуваше отстранувањето на споменикот на воениот јунак во главниот град на естонската држава, Талин како нов знак на недоверба меѓу народите и луѓето.