1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин го предложи Зубков за нов премиер

12 септември 2007

Руската влада денеска поднесе оставка. Премиерот Михаил Фрадков побара од претседателот на Русија Владимир Путин да го распушти неговиот кабинет. Претседателот ја прифати оставката и предложи нов премиер.

https://p.dw.com/p/BfAx
Кој ќе го наследи Владимир Путин?Фотографија: AP

Претседателот на Русија Владимир Путин го прифати барањето за распуштање на владата од страна на премиерот Михаил Фрадков. Земјата се приближува до парламентрни избори во декември годинава, а по нив следуваат претседателските во март 2008 та рече Путин. Владиниот апарат мора да се подготви за изборниот период и времето по претседателските избори, дополни претседателот. Фрадков инаку и натаму ќе раководи со владините обврски, се додека руската Дума не го потврди неговиот наследник.

Претседателот Путин веќе поднесе свој предлог до Парламентот - финасинскиот експерт Виктор Зубков.

Руските медиуми претходно шпекулираа, дека Путин за кратко време ќе го повика заменик шефот на владата Сергеј Иванов да го преземе раководството со кабинетот. Иванов е долгогодишен придружник на Путин, кој исто така потекнува од Санкт Петерзбург и работел за тајните служби. Во рамките на Кремљ важи како застапник на така наречените министерства на моќ.

Како конкурет за наследник на Путин во игра е и Дмитри Медведев, кој исто како и Иванов досега ја извршува функцијата заменик премиер. Но шефот на надзорниот совет на концернот Гаспром Медведев, во последно време многу послабо беше присутен во државните руски медиуми отколку Сергеј Иванов.

Инаку смена на шефот на владата кратко пред претседателски избори во Русија не е новина, истата процедура ја спорведе и поранешниот руски претседател Борис Јелцин, кој го предложи Путин за премиер, по што тој стана претседател на Русија.