Путин го замрзна договорот за разоружување со Европа
14 јули 2007Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го замрзна спроведувањето на договорот за разоружување во Европа. Причина за овој чекор е спорот поради планираниот антиракетен штит од страна на САД, за Полска и Чешка. Договорот склучен меѓу НАТО и Варшавскиот пакт во 1990 година важи како основа за разоружување во Европа по студенената војна.