1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин во Либија

18 април 2008

Русија и отпиша на Либија долгови во износ од 4,5 милијарди долари и на тој начин го отвори патот за зделки во областа на оружјето и нафтата.

https://p.dw.com/p/Dk4y
Путин и Гадафи: дали рускиот претседател веќе настапува како прв менаџер на својата земја?Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Сосема сум задоволен од тоа како го решивме проблемот со долговите“, изјави рускиот претседател Путин во Триполи, по средбата со либискиот лидер Моамер ел Гадафи. Преку оваа зделка не само што руските воени концерни добиваат пристап кон либискиот пазар, туку и Либија ќе ја засили својата одбранбена моќ. Од кругови на воената индустрија се вели дека во наредните денови ќе биде постигнат договор тежок повеќе стотици милиони долари за модернизација на либиското вооружување од руско производство. Освен тоа, рускиот Газпром и либиската државна компанија НОК, се договорија за соработка. Во Либија се наоѓаат најголемите нафтени резерви во Африка. Во минатата година приходите од извозот на нафта и гас достигнаа 400 милијарди долари.