Путин:САД треба да утврдат датум за повлекување од Ирак
18 октомври 2007Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика САД да утврдат датум за повлекување на нивните трупи од Ирак. Путин во интервју на националната телевизија изјави меѓутоа дека се согласува со американскиот претседател Џорџ Буш ,оти во Ирак најнапред треба да се гарантира безбедноста . Ирачаните меѓутоа никогаш нема да побрзаат да се погрижат за тоа , се додека се чуствуваат заштитени од Американците – истакна рускиот претседател. Путин покрај тоа најави дека Русија ќе ја зајакне својаата одбранбена сила. Тоа опфаќа и развој на нови нуклеарни ракетни системи.