Пусиќ: НАТО мора да се шири поради стабилноста на Балканот
27 мај 2012Изборот на радикалниот националист Томислав Николиќ предизвикало големо изненадување во Чикаго, објавува во денешното издание хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Некои учесници побарале мислење од хрватските претставници за развојот на односите на Србија со соседните земји. На вечерата на министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ се заложила за продолжување на процесот на проширување на Алијансата.
„Почетната позиција на САД, па и на речиси сите членки на НАТО, беше на овој самит да не се расправа за проширувањето. Меѓутоа, ние и пред почетокот на состанокот сметавме дека е потребно нешто да се каже и за продолжување на процесот на проширување“, изјави Пусиќ. Шефицата на хрватската дипломатија натаму објаснува:
„На ниво на министри за надворешни работи организиран е состанок со земјите - аспирантки за членство: Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија. Во своето излагање предупредив дека во регионот, поради изборот на Николиќ, е создадена нова ситуација, што секако не се знае какви ќе бидат последиците од промената на власта во Србија, но тоа секако налага за темата проширување да се расправа и на ова заседание. Хрватска го поддржува членството на БиХ, Црна Гора и Македонија во НАТО, бидејќи сме сигурни дека тоа ќе придонесе за стабилизација на односите и сигурноста во регионот“.
Пусиќ тврди дека „акцентот бил ставен на овие три држави, блиски на Хрватска“.
„Сметаме дека членството на Црна Гора не е доведено во прашање, бидејќи земјата ги исполни сите услови, но и дека терба да се пружи нова шанса на Македонија, која речиси беше примена во членство, како и тоа дека треба да се активира Акцискиот план кој БиХ го доби на самитот во Талин“, додаде Пусиќ.
Шефицата на хрватската дипломатија потсетува дека во НАТО се влегува според начелно за задоволување на критериумите, но и поради зголемување на стабилноста и безбедноста на некое подрачје.