Пукано врз седиштето на американската Воена морнарица
16 септември 2013Реклама
Воената морнарица соопшти дека снајперист денеска изутрина по локално време отворил оган врз тешко обезбедуваниот објект на морнарицата. Во комплексот работат околу 3 илјади луѓе.
Засега нема потрвда на информациите дека можеби станува збор за повеќемина снајперисти. „Вашингтон пост“ јави дека едно лице е уапсено. Од Белата куќа се вели дека претседателот Барак Обама добива редовно информации за состојбата. Аеродромот во Вашингтон беше привремено затворен, но во меѓувреме сообраќајот повторно се одвива нормално.
Целиот блок каде што се наоѓа седиштетот на Воената морнарица е блокиран. Во тој блок има и цивилни згради и едно училиште.