1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Профитот на Боинг во висок лет

АТ/ртр/дпа26 април 2012

Американскиот производител на авиони Боинг 2012 година ја стартуваше позитивно. Обртот на компанијата порасна неочекувано. Книгите со нарачки се полни.

https://p.dw.com/p/14l8G
Фотографија: dapd

Невообичаено големата побарувачка на модерни патнички авиони за американскиот производител на авиони Боинг значи добивка. Обртот во првиот квартал годинава се зголеми за една третина - на 19,4 милијарди долари. Добивката во споредба со истниот квартал лани е покачена дури за 58 проценти - на 923 милиони долари.

Ваквиот позитивен тренд се отслика и на пазарот со акции: добивката по акција се зголеми за 56 проценти на 1,22 американски долари - претходно се очекуваше вредност од 94 центи по акција. На Вол стрит на стартот на берзата Боинг се вброи меѓу добитниците - неговите хартии од вреднсот пораснаа за 2,9 проценти.

Производител на авиони од Чикаго, со оглед на успехот во првиот квартал од тековната трговска година, ги корегираше очекувањата за годинава: Боинг очекува во 2012 година да постигне обрт од 80 милијарди долари.