1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Професор во студентски дом

2 октомври 2011

Каков е животот во студентскиот дом? Што може да подобри универзитетот, за да ги привлече студентите од странство? Овие прашања си ги постави и член на универзитетското раководство и се реши на необичен чекор.

https://p.dw.com/p/12NyU
Гете универзитет ФранкфуртФотографија: DW / Bianca von der Au

Франкфурт е банкарска метропола во Германија и позната во светот по високите згради на банките и економските претпријатија. Во оваа слика не се вклопуваат така добро станбените згради за студентите, сместени во северниот дел на градот. Тие се сиви и изградени во архитектонскиот стил на 70-те години. Во нив живеат над 700 студенти. Ходниците имаат шарм на мешавина од болничка и атмосфера во паркинг за автомобили. Подот е од сив линолеум, ѕидовите се празни, вратите од плексиглас. Во овој студентски дом беше сместен и професорот Манфред Шуберт Цилавеч, вице претседател на Гете универзитетот во Франкфурт. Тој го замени раскошниот стан во Бад Хомбург со студенската соба со дрвен кревет, мала кујничка и работна маса. Зошто?

„Имам намера се’ додека ја извршувам функцијата вице-претседател, секое лето одвнатре да ги погледнам студентските соби. Да живее експериментот! Јас сум научник и експериментот не може да биде заменет со ништо друго. На овој начин сакам да добијам реален впечаток, како всушност изгледа животот на студентите во Франкфурт.“

Goethe-Universität, Frankfurt, Campus, Hauptgebäude Flash-Galerie
Студентскиот кампус во ФранкфуртФотографија: Goethe Business School

Бидејќи вице-претседател на Гете универзитетот во Франкфурт, професорот Шуберт Цилавеч е одговорен за студентските прашања, затоа сака да знае за што зборува, кога станува збор за животната реалност на студентите, за неопоходноста од места за живеење и високите кирии. „Идејата кај мене се разви спонтано, сакајќи да испратам порака дека мора да го изостриме погледот за реалние ситуации со кои се соочуваат нашите студенти. Сите студенти се конфронтирани со желбата од една страна да живеат во атрактивен град, кој од друга страна е многу скап.

Според вице-претседателот на Гете универзитетот во Франкфурт, тоа е лошата страна на Франкфурт како место за студирање, особено кога станува збор за т.н. елитни универзитети: „Мислам дека мора да осознаеме оти изворедните универзитети бараат и изворедни предуслови. Тоа значи сите ние кои носиме одговорност мораме да сториме се’ за во Франкфурт да имаме добри и поволни услови за живот на студентите.“

Professor Manfred Schubert-Zsilavecz
Проф. Манфред Шуберт ЦилавечФотографија: DW

Необична постапка за еден професор - ова го мислат и дел од студентите. Џејсон од Сиетел кој во Франкфурт беше на размена вели дека такво нешто САД не би било можно. „Во САД такво нешто би било многу чудно. Но мислам дека е супер да се воспостави таква тесна сорабока меѓу доцентите и студентите.“

Повеќето студени ги радува ангажманот на нивниот професор, и покрај тоа што некои не знаеле која важна личност на факултетот им е сосед. Иако мина два месеца без сопругата и децата, професорот добро се чувствувал во неговата спартански уредена мисловна ќелија. Искуствата кои оттаму ги понесе се многу важни за него: „Важно е просторот за живеење за студентите да биде евтин, да има централна местоположба и да биде поврзан со јавниот превоз. Тие услови тука се исполнети. Се разбира постојат и лимити што се однесува до живеењето, но морам да кажам дека како студент би можел да си замислам да живеам тука неколку години“, вели професорот Шуберт Цилавеч, по завршувањето на експериментот.

Автор: Бјанка фон дер Ау/ Александра Трајковска

 Редактор: Жана Ацеска