Протест на плоштадот Македонија во Скопје
11 април 2009Над 300 луѓе денеска (11.04.2009) започнаа протест на плоштадот Македонија во Скопје, што е дел од најавуваниот целодневен настан „Плоштад Слобода“.
Демонстрантите со свирчиња и тропање мирно бараат зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, и протестират против изградбата на било каков објект на плоштадот.
Протестот го обезбедуваат засилени полициски сили од редовниот состав на полицијата.
Акцијата ја покренаа над 30 невладини организации од Македонија и индивидуални активисти, поттикнати од случувањата на 28.март на плоштадот Македонија, кога група граѓани, кои протестираа против изградба на црква на плоштадот беа физички нападнати од друга група, поддржувачи на идејата за изградба на христијански верски храм.
ЖА/макфакс/миа