1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протест за зачувување на името

15 април 2008

Во Скопје беше одржан мирен протест на граѓаните за зачувување на името и против, како што истакнаа организаторите, негаторскиот став на јужниот сосед кон се‘ што е македонско

https://p.dw.com/p/Di3E
Од претходните протести за името, одржани во пресрет на самитот на НАТО во БукурештФотографија: AP

Резултатот од самитот во Букурешт создаде антигрчка атмосфера во Македонија и го намали процентот на граѓани кои го поддржуваат членството во НАТО. Сепак, и покрај зовриените страсти и засиленото нетрпение спрема јужниот сосед и натаму значително висока е определбата на македонската јавност за пристапување во алијансата. Последната анкета покажува дека големо мнозинство од дури 83 проценти од граѓаните сакаат Македонија да стане дел од НАТО. Пред самитот во Букурешт овој процент беше поголем од 90 насто.

Последната анкета ја спроведе Инстутутот за демократија.

Антигрчкото расположение стана видливо преку низата протести во Скопје, од кои дел завршија со инциденти. Синоќешниот протест за заштита на името мина мирно, и покрај дождот голем број граѓани се собраа во одбрана на уставното име.

Организиаторите, граѓанска асоцијација, порачаа дека приоритет за Македонија треба да биде одбраната на името а не влезот во НАТО и ЕУ.

Освен со протести, револтот што го предизвика грчкото вето македонските граѓани го изразија и со бојкот на производите од оваа земја, грчките компании и откажување на аранжманите во инаку омилената туристичка дестинација.