1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести на албански организации

10 мај 2010

Во организација на Советот од 40 граѓански организации на Албанци, денеска во Скопје протестен марш под мотото „За правда“. Се протестира поради, како што се вели, „дискриминациска политика врз етничка и верска основа“.

https://p.dw.com/p/NKN0
Фотографија: DW

Со гласни извици „УЧК“, „етничка Албанија“, „Слобода за осудените за Сопот и Бродец“, околу две илјади Албанци со развиорени албански знамиња излегоа на протест против „секаков вид дискриминација“.

Под мотото „За правда“, тие бараат да се прекине процесирањето на хашките случаи, да се ослободат осудените во случаите „Сопот“ и „Бродец“, бараат да се употребува албанскиот како службен јазик и употреба на албанските симболи.

Протестниот марш, под силно полициско обезбедување, почна од пред судската палата во Скопје.

Советот на 40 организации на Албанците во Македонија најавија дека ќе побараат итно запирање на процесуирањето на хашките предмети, ослободување на затворените од случаите Бродец и Сопот, како и прекин на проектите, што според нив, предизвикуваат етничка и верска дискриминација.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска