1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Франција

Тони Гламчевски19 март 2006

„Ширак, Вилпен и Саркози, вашиот пробен период на работа е завршен!“, беше само еден од слоганите кои беа скандарини на улиците ширум Франција.

https://p.dw.com/p/AeMG
Стотици илјади демонстранти на улиците
Стотици илјади демонстранти на улицитеФотографија: AP

Еден милион и петстотина илјади лица, според организаторите, и само околу 500 000 според полицијата излегоа да манифестираат против договорот за прво вработување на младите. Охрабрени од мобилизацијата, тие се поодлучни и бараат од владата да го повлече законскиот проект со кој е предвидено меѓу другото, пробниот период на работа да трае две години.

„Потребно е да попушти, бидејќи може навистина да експлодира!“.

„Владата мора да сфати дека младите нема да попуштат сé додека не го повлечат проектот!“, можеше да се слушне на улиците, каде заедно манифестираа родителите и нивните деца, но и многу вработени.

„Овај договор за прво вработување, нема да им влее надеж на младите“, вели една мајка.

Поддржани од сите синдикати на вработените, за студентските синдикати вчерашната манифестација има вкус на победа.

„Со сé поголемата мобилизација, не можам да замислам дека владата нема да отстапи. Прашањето не е повеќе дали владата ќе го повлече законот, туку кога и како ќе го направи тоа“, вели лидерот на студенскиот синдикат УНЕФ, Бруну Жуијар.

Синдикатите упатија ултиматум за повлекување на законот, во спротивно тие се закануваат со генерален штрајк.

Претседателот Жак Ширак, ги повика сите страни на одговорност, оценувајќи дека со оспоруваниот договор треба да се создадат нови рабтни места, но и дека владата е подготвена на дијалог.

„Знатете, владата е подготвена на дијалог. И од моја страна посакувам, негово што е мошно побрзо отворање“, рече шефот на француската држава.

Од владата се изразува подготвеност да се изменат некои делови од законот , но не и целосно да го повлечат.

„Не можеме, едноставно, како секогаш во Франција да бидеме во логиката сé или ништо, во логиката на полемика или одмерување на силите“, нагласува порт-паролот на владата Жан Франсоа Копе.

Блиските на лидерот на владеачката УМП, Никола Саркози, сметаат дека претседателот Ширак, е тој кој сега треба да ја преземе инцијативата и да ги повика синдикатите на дијалог пред конечното објавување на законот.

„За да се разгледа сигурноста на професионалниот пат, за да се смират легитимните грижи на извесен број идни вработени“, вели пратеникот од УМП, Доминик Паје.

„Една порака до сите идни влади: - посоветувајте се со оние на кои се однесуваат реформите, пред да одлучите за реформите!“, искоментира една од учесничките на вчерашните протести.

За жал и вчерашните мирни манифестации беа поматени со безредија во неколку францусики градови. Најжестоко беше во Париз, каде силите на редот беа принудени жестоко да интеревенираат и каде бе повредени десетина лица, а 103 беа уапсени.