1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Бугарија

ЕМФ/дпа/миа/бета11 ноември 2013

Илјадници Бугари во Софија бараа оставка на владата на Пламен Орешарски и одржување предвремени избори.

https://p.dw.com/p/1AF7K
Фотографија: BGNES

Вчерашните демонстрации (10.11) ги организираа студентите, кои инаку со протести почнаа пред неколку недели. Учесниците на демонстациите ја обвинија коалициската Влада на социјалистите и на партијата на бугарските Турци, која е избрана пред пет месеци, за корупција и за „поврзаност со сомнителни бизниси“. Демонстраните, кои извикуваа „Мафија“ и „Оставка“ и свиреа со свирчиња, одржаа протестна прошетка низ главните улици во центарот на Софија, отакако полицијата ги блокира реоните околу владините згради и не им дозволи пристап до нив. Информации за евентуални судири меѓу демонстраните и полицијата нема.

Antiregierungsproteste in Sofia 10.11.2013
Фотографија: BGNES

Протестите вчера беа организирани на денот кога Бугарија одбележуваше 24 години од падот на комунистичкиот режим на Тодор Живков. Живков беше симнат од власт на 10 ноември 1989 година со партиски пуч.