1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите продолжуваат

6 февруари 2006

По демолирањето на Данската и Норвешката амбасада во Дамаск и Бејрут, претпладнево настрада и дипломатското преставништво на Австрија во Техеран

https://p.dw.com/p/Ac99
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Европа, засрами се! Вака извикуваа неколку стотици демонстранти во Техеран кои револтирани од карикатурите на Мухамед и политиката на ЕУ кон Иран ги искршија прозорците од зградта на австриската амбасада. Дел од нив фрлаа и молотови коктели но не успеаа да го запалат дипломатското преставништво. Полицијата го опколи објектот и ги оневозможи демонстрантите да влезат во него.

Атмосферата во Техеран наликуваше на онаа од Бејрут и Дамсак каде муслиманите демоснтранти ги демолираа Данската и Норвешката амбасада. Либанските власти претпладнево му извинија на Копенхаген за немилите случувања кои му штетат на имиџот на цивилизираниот Либан . Дел од политичарите се сомневаат дека немирите биле иницирани од про сириски ориентирани саботери со цел да бидат предизвикани тензии меѓу сектите. Министерот за вантрешни работи Хасан Сабех, кој одби да издаде наредба за отворање оган врз демонстрантите поднесе оставка. Дека состојбата може да ескалира предупреди и лидерот на мнозинската фракција Саад Харири кој нагласи дека кај мнозинството либанци постои стравување од повторна граѓанска војна, особено по насилствата против христијанското население

„ Ние сме еден народ и нема да дозволиме оваа работа да се одвива и натаму„ рече Харири

Шефот на данската дипломатија Пер Стиг Милер во име на владата јавно се извини за содржината мна контроверзните карикатури на Мохамед, кои предизвикаа гнев кај муслиманите во светот

„ И нека биде јасно. Данската влада го оцени Исламот како една од главните религии во светот. Владата немаше намера да ги повреди чувствата на муслиманите во светот и не подржува такви активности„ рече Милер

Инаку стотици муслимани во текот на денов протестираа во Индонезија и Тајланд.