1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите во Египет продолжуваат

АТ/ дпа/ ртр2 февруари 2013

Сите апели за дијaлог беа залудни: Во Египет продолжуваат протестите. Демонстрантите и натаму бараат претседателот да ја укине вонредната состојба и да поднесе остaвка.

https://p.dw.com/p/17Wx9
Фотографија: Reuters

При протестите на десетици илјади Египќани против исламистичката влада на претседателот Мохамед Мурси синоќа животот го загуби најмалку едно лице. Околу 80 демонстранти, како што соопштува Министерството за внатрешни работи, се повредени при судирите со полицијата.

Тие бараат оставка на претседателот Мурси и крај на 30 дневната вонредна состојба во Суецкиот канал. Гневот на демонстрантите е насочен против Муслиманското братство, од каде потекнува Мурси. Водачите на опозицијата повикаа да бидат одржани мирни протести.

Телевизиите Ал Џезеира и Ал Арабија информираа дека дошло до судири кај претседателската палата во Каиро. Седиштето на Мохамед Мурси било нападнато со молотови коктели. Во градината на палатата кратко горел оган. Силите за безбедност употребиле водени топови и солзавец. Ал Арбија информира дека судири меѓу активистите и полицијата имало и пред британската амбасада во близина на плоштадот Тахрир во центарот на градот.

Во цело Каиро претходно имаше протестни маршеви, кои завршија на плоштадот Тахрир или кај претседателската палата.

Kairo Ägypten Proteste Feuer Präsidentenpalast
Оган кај претседателската палата во КаироФотографија: picture alliance / AP Photo

Големи демонстрации имаше и во градовите Александрија, Порт Саид и Махала ал Кубра. Во Александрија илјадници активисти во центарот на градот бараа формирање на влада на национално единство. Во Махала ал Кубра демонстрантите бараа да биде укината 30 дневната вонредна состојба за Суецкиот канал. Дури и во Сагасиг, матичниот округ на претседателот стотици демонстранти излегоа на улиците против Муслиманското братство.

Во Порт Саид, каде минатата недела десетици го загубија животот демонстрантите бараа соборување на режимот. „Сакаме да го ослободиме Порт Саид“, извикуваа демонстрантите алудирајќи на вонредната состојба.

Демонстрантите им оддадоа почит и на жртвите од фудбалската катастрофа во градот. Пред една година, на 1. февруари 2012 се судирја фановите на домашниот клуб Ал Масри и ривализираниот Али Ахил клуб. Животот тогаш го загубија 74 луѓе. Судската пресуда за 21 смртна казна против фанови од Порт Саид беше повод за последните протести.