1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите во Египет повторно ескалираа

17 декември 2011

Во главниот град на Египет дојде до жестоки судири. Бројот на жртвите во уличните борби во Каиро се искачи на осум загинати. Граѓаните се незадоволни од Воениот совет и преодната влада.

https://p.dw.com/p/13UhG
Фотографија: dapd

Во жестоките судири во центарот на Каиро, според египетското Mинистерство за здравство, убиени се најмалку осум лица, а речиси 300 се повредени. Меѓу жртвите имало и едно свештено лице. Армијата, во близина на централниот полоштад Тахрир воведе забранета зона.

До протестите дојде откако вчера силите за безбедност насилно растурија камп на демонстрантите пред владата во Каиро. Според очевидци силите за безбедност веднаш употребиле гумени палки врз демонстрантите во кампот. Службениците од покривот на парламентот фрлале големи парчиња бетон и стакло врз луѓето. Демонстрантите одговориле со камења и молотови коктели во правец на војниците и полицијата. Потоа стотици демонстранти им пружиле поддршка на протестите пред владата. Според информациите на државните медиуми, пак, демонстрантите го запалиле објектот каде што се сместени државните органи за сообраќај, во близина на парламентот.

Претседателскиот кандидат Мохамед ел Барадеј, преку Фејсбук ја критикуваше употребата на насилството. „Дури и ако блокадата била нелегална, не мора да биде раструаена на таков брутален начин“.

Протестите се насочени против Воениот совет, кој по падот на поранешниот претседател Хосни Мубарак во февруари ја презеде власта во земјата. Демонстрантите пред владата сакаа да спречат да почне со работи преодната влада на премиерот Калмал ал Гансури, назначена од Воениот совет.

Автор: АТ/ дв/ дпа

Редактор: Жана Ацеска