Простување од поп легендата Витни Хјустон
19 февруари 2012На сребрениот ковчег-никаква фотографија. Непотребно за ужалените, собрани да се потсетат на нејзиниот живот.
„Витни, ти си единствената која можеше овде сите да не‘ собереш. Витни, денеска е твој ден“, рече свештеникот Џо Картер.
1500 присутни дојдоа во Баптистичката црква во њујоршкото предградие. Овде Витни како тинејџер ги имаше првите музички настапи.
Алиша Кис пееше за својот музички идол. Актерот Кевин Костнер се потсети на заедничката соработка во филмот „Телохранител“.
„Витни беше измачувана од несигурност. Не беше свесна за својата харизма и за својот глас. Да можеше да ме чуеш-ти не беше добра, ти беше величенствена“.
Стиви Вондер му се заблагодари на Бога што имаше можност да биде современик на Витни. Во својата фантазија, тој на некој начин бил вљубен во неа.
Пред точно една недела пејачката беше пронајдена мртва во хотелска соба на Беверли хилс. Се‘ уште не се знае од што почина 48-годишната поп ѕвезда. Таа долги години се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Нејзиниот последен дом-гробиштата недалеку од црквата-покрај нејзиниот татко.
Автор: Грејс Пениц/ Ж.Ацеска
Редактор Симе Недевски