Простување од жртвите од несреќата во Швајцарија
21 март 2012На денешната комеморација (21.03) во Ломел присуствуваше и кралот Алберт втори, во придружба на холандскиот принц Виљем Александер. Меѓу жртвите во несреќата има и шестмина Холанѓани. Меѓу присутните беше и белгискиот премиер Елио ди Рупо, како и неговиот холандски колега Марк Руте.
„Дали има нешто пострашно за родителите кои го загубиле она што го сакале најмногу?“, праша градоначалникот на Ломел Петер Ванвелтховен. Тој во име на семејствата им се заблагодари на лицата кои помагаа по несреќата во Швајцарија.
Роднините на жртвите денеска пред петте илјади присутни на комеморацијата ги прочитаа последните вести од децата додека биле на скијање.
Несреќата се случи пред една недела, кога автобусот со децата кои се враќаа од скијање удри во ѕидовите од тунелот во кантонот Валис во Швајцарија. Истрагата за причините за несреќата трае. Во автобусот се наоѓаа ученици од две училишта. Комеморацијата за жртвите од училиштето од Хеверле ќе се одржи утре (22.03).