Пропустите на изборите ги уназадија шансите на Македонија
3 јуни 2008Двајцата амбасадори вчера доцна попладне беа на одвоени средби во владата. Изразија разочараност од изборите кои наместо напред ја турнаа Македонија назад на евроинтегративниот пат. Неуспехот од лошо спроведените избори паѓа на товар на целата земја, изјави амбасадорката на САД Миловановиќ.
И додаде: пропустите во голема мера ја дискредитираа Македонија и негативно влијеа на најзиние можности за интеграција во ЕУ и НАТО.
„ Ако ова беа добри избори, ќе ја зајакнеа позицијата на Македонија во однос на интеграцијата во НАТО и ЕУ и тоа е она што ние го очекувавме. Вака спроведените избори ја прават Македонија да изгледа доста лошо, а нејзината демократија да изгледа покревка од она што јас верувам дека е, изјави Миловановиќ.
Шанса за поправен испит
Педагошки во лошата оценка за изборите е што Македонија добива шанса од меѓународната заедница да го поправи впечатокот. Повторените гласања мораат да бидат беспрекорни. ЕУ амбасадорот Фуере по средбата со Груевски изјави:
„Треба да се преземат сите напори, не само да се гонат, туку причинителите на насилство да бидат изведени пред суд и да се соочат со казна. Добивме уверување од премиерот дека државните институции ќе направат се‘ што е во нивна моќ да обезбедат прегласување во согласнот со сите меѓународни стандарди, изјави амбасадаорот на ЕУ во СКопје, Ерван Фуере.
Конечната оценка за испитот по демократија и евроатрланска иднина на Македонија од страна на меѓународната заедница ќе биде напишана по прегласувањето во местата во кои имаше инциденти.