1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промената на парите

22 декември 2004

Коментар на Ролф Венкел

https://p.dw.com/p/AePi

Откако Гермаците се простија од марката, многу работни места исчезнаа. Некои мали занаетски дуќани се затворени, а во излозите во центрите на градовите место стока, почесто е истакната табла на која пишува: затворено поради примопредавање. Од друга страна, Германија е светски првак во извоз: многу бранши заработуваат многу пари. Германците за себе и натаму цената во евра ја пресметуваат во марки, а некои кои имаат помалку пари во паричникот отколку пред три години, се прашуваат дали за тоа треба да му благодарат на еврото. Со право или не?

На Германците разделбата од марката пред три години им падна многу потешко отколку на некои други Европејци, што секако имаше врска со успешноста на Де-Ем. Монетарната реформа по Втората светска војна, кога беа поделени првите банкноти печатени во Америка, предизвика исклучително динамичен развој во земјата разурната од војната. Може да се каже дека монетраната реформа и економското чудо од 50-сеттите и 60-сеттите години се неразделно поврзани. Секако, марката доживеа и некои бури. Незаборавна е нафтената криза од од 70-сеттите години, потоа барањата на синдикатите за зглемување на платите што на ниту едно платежно средство не му оди во прилог. И покрај се, на Сојузната банка и успеваше да ја одржува марката стабилна и да ја контролира инфлацијата. Благодарение на нејзината уставна независност, патем пример и за Европската централна банка, марката не само што остана стабилна, туку и светски призната, секако покрај доларот.

Да, Германците беа горди, не на нивното црно-црвено-златно знаме, не на сојузниот орел, туку на својата де-марка. На многумина други Европејци им беше полесно да се откажат од своите национални валути во полза на еврото, можно и затоа што се надеваа дека ќе наследат нешто од легендарната стабилност на марката. И ако сме искрени, еврото од воведувањето покажа неверојатна стабилност. Еврото за Германците не го поскапи ниту автомобилот, ниту машината за перење – најмногу можеби храната и пиењето и некои услужни дејности. Напротив. Благодарение на слабоста на доларот, Европејците помалку ги чувствуваат последиците од зголемувањата на цените на нафтата, челикот и други суровини, отколку луѓето во другите делови на светот. И во земјите чии валути се поврзани со доларот, можат поефтино да одат на одмор. Според тоа, Германците и со еврото добро излегуваат на крај. Се до една дребулинка. Порано германските фирми беа принудувани своите високи цени, предизвикани од скапата марка и високите плати, да ги оправдуваат со иновации, ефикасност, квалитет и доверба. Тогаш се велеше дека марката е “иновативен камшик“. Денес европските фирми поради силното евро се наоѓаат во слична улога. Меѓутоа, место да се ангажираат во иновации, квалитет и ефикасност, битката ја префрлаат врз платите, работното време и работните услови. Токму тоа го прават и Германците. Од нив се почесто се бара за помалку пари да работат подолго за да не исчезне работното место. Но, притоа мора да биде јасно дека ниту еден западен Европеец не може да ја добие битката против ниските плати и слабите валути на евтината конкуренција од источна Европа или Азија. Но, ниту за тоа вината не може да му се префрли на силното евро. Место тоа, се бараат иновации и квалитет, како порано во времето на силната германска марка.