1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прозорец кон светот за македонистиката и македонскиот јазик

3 јули 2011

Од 27 јуни до 12 јули во Охрид се одржува 44 Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Целта на семинарот е како и досега е успешно популаризирање на македонскиот јазик и култура во светот.

https://p.dw.com/p/11o7T
ОхридФотографија: DW

На семинарот во Охрид во изминатите 44 години поминале помеѓу три и четири илјади слушатели од повеќе од 45 земји во светот кои по враќањето во своите земји успешно ја продолжиле работата на своите професори –ментори во 11 лекторати и 19 центри во светот во колку што се изучува македонскиот,јазик,литература и култура. Годинава традицијата ја продолжуваат сто и дванаесет учесници македонисти ,професори и студенти,преведувачи, и научни работници. Меѓународниот семинар за македонски јазик,литература и култура претставува прозорец кон светот за македонистиката и македонскиот јазик од студенти до академици и сите заинтересирани за проучување на македонскиот јазик, потенцира за Дојче Веле проф-д-р Максим Каранфиловски директор на семинарот и појаснува „ Да можат да престојуваат во Македонија и да го научат и усовршат своето познавање на македонскиот јазик да можат да воспостават контакти со средината со оние научни работници.Да добијат повеќе информации за македонската продукција издавачка продукција од било кој опсег било културна или научна сеедно,значи се она што ги интересира’’.

Junge Teilnehmer an dem Internationalen Seminar für die mazedonische Sprache, Literatur und Kultur in Ohrid Mazedonien
Минатогодишни учеснички на семинаротФотографија: DW/Milco Jovanovski

Семинарот е најзаслужен за изучување и усовршување на македонскиот јазик

Меѓу бројните млади студенти и слушатели на семинарот во Охрид ја сретнавме и Тунде Хатала од Унгарија, која во Будимпешта студира полски јазик и литература,а македонски само факултативно. Таа е по трет пат на семинарот и во Македонија и потенцира дека семинарот во многу и продонел да го засака македонскиот јазик и да продолжи да го изучува и усовршувува. „Можам тука многу подобро да го научам македонскиот јазик и многу ми се допаѓа. Бидејќи во Унгарија имаме само лекторат, а тука имаме часови курсеви по литература и култура и тоа ми се допаѓа. А јас толку се заљубив во македонскиот јазик таша што не можам да прекратам и продолжив со негово изучување ‘’.

Меѓу слушателите на семинарот е и Јоана Рекас од Полска професор по фолклористика на универзитетот во Познањ, трет пат е во Македонија,а за првпат на семинарот. Таа ни појаснува дека специјалност и е српската народна обредна песна и обичаи. Одлично го зборува српскиот јазик, но вели дека сака да научи и македонски за да потоа во Македонија може да ги проучува македонските обреди и обичаи. Потенцира дека семинарот е вистинското место за тоа. „Сега морам добро да зборувам добро македонски и да ги проучувам тие народни песни и да можам да одам на терен и вршам теренски истражувања’’.

Освен јазикот, се спознава и културата

Илина Јакимовска е доцент на катедрата по етнологија при Природно математичкиот факултет во Скопје.Таа е еден од предавачите на семинарот,која го држи курсот по етнологија на македонскиот народ.Целосната програма на семинарот е ориентирана повеќе лингвистички, со цел слушателите од почеток да го научат или усовршат македонскиот јазик. Меѓутоа потенцира Јакимовска, праксата покажува дека тие очигледно сакаат да добијат и повеќе информации за културата на македонскиот јазик и појаснува „ Мојата цел е тука да им ја претставам колку што можам повеќе тука таа култура од сите нејзини аспекти. Се разбира шест предавања од по час и половина се многу малку за тоа меѓутоа има и слушатели кои се веќе упатени од аспектите на материјалната, социјалната и духовната култура на македонскиот народ има многу интересни конкретни прашања. Затоа мислам дека ќе биде корисно и за нив и за мене да споредиме како стојат работите и во нивните култури’’.

Mazedonien Buchhandlung in Skopje Bücher
Учесниците на семинарот дознаваат повеќе и за македонската литертураФотографија: DW

Развивање на нови јадра на македонистиката во светот

Во изминатите 44 години преку семинарот во Охрид поминале помеѓу три и четири илјади слушатели од повеќе од 45 земји во светот, појаснува директорот на семинарот проф д-р Максим Каранфиловски и потенцира :

„ Тие се понатаму оние јадра кои создаваат нови јадра средиште на центри во своите земји, на своите универзитети. И такви универзитети во светот веќе има малку или многу тоа е релативно прашање, сега се 30. Моето мислење е дека тоа е се’ уште малку. Значи ние сме постигнале прилично големи успеси. Но јас мислам дека со поголема државна подршка можеме и уште повеќе да постигнеме’’.

Инаку по завршувањето на семинар, на 14 и 15 јули во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржи и Меѓународната научна конференција од областа на македонистиката на која е најавено учество на осумдесеттина научници од Македонија и светот.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор Симе Недевски