1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува опсадата на Црвената џамија

8 јули 2007

'

https://p.dw.com/p/BDlT

Пакистанските сили за безбедност го засилуваат притисокот црз исламистите забарикадирани во комплексот на Црвената џамија во главниот град Исламабад. Војниците го стегнаа обрачот околу опколената џамија. Побунетите исламисти продолжуваат со оружен отпор.

Пакистанската опозиција во Лондон се состана на разговори околу стратегијата за смена на претседателот Первез Мушараф и враќање на демократијата во земјата. Поранешниот премиер Наваз Шариф се изјасни за здружување на сите опозициони партии, оти како што рече, сите имаат иста цел – укинување на диктатурата и враќање кон демократија.