1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат преговорите

Александар Чомовски 28 април 2008

Посредникот во грчко-македонскиот спор околу името, Метју Нимиц продолжува со напорите за наоѓање компромис.

https://p.dw.com/p/Dpi5
Посредникот НимицФотографија: Macedonian Information Agency
Медијаторот во Њујорк прво го очекува македонскиот преговарач, Никола Димитров, а потоа на одделни консултации ќе патува и грчкиот амбасадор, Адамантиос Василакис.

Властите во Скопје се речиси едногласни и велат дека е клучно прашањето за зачувување на македонскиот идентитет.

Непосредно по Димитров, во САД ќе отпатува и шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, кој треба да има средба со американската колешка, Кондолиза Рајс.