Продолжуваат посредничките напори во Кенија
10 јануари 2008Реклама
Поимот тивка дипломатија претседателот Куфур буквално го разбира: и 24 часа по пристигнувањето во Најроби не кажа ниту збор пред јавноста. Прво се сретна со претседателот Мваи Кибаки, а потоа и со Раила Одинга кој смета дека е победник на претседателските избори. По неколку часа разговори зад затврена врата, само портпаролот на Одинга, Салим Лоне даде куса изјава:
„Имавме опширни разговори со претседателот Куфур. Тој не сослуша, а од своја страна ги соопшти ставовите на господин Кибаки„.
Потоа Куфур се врати кај Кибаки. Дали синоќа се приближија ставовите не е познато. Вчера напротив, се беше во знакот на нова бура. Кибаки сосем неочекувано ги именуваше неговиот потпретседател и дел од владата, по што генералниот секретар на опозиционото движење на Одинга, Анјанг Нионго предупреди на нови масовни протести:
„Именувањето на кабинетот ги претвора во фарса уверувањата на Кибаки за сериозни разговори со опозицијата. Тоа е шлаканица и за оние што посредуваат на меѓународно ниво. Таканаречениот кабинет на Кибаки требаше да биде предмет на тие посреднички напори„.
Стравот од неуспех на преговорите во Кенија е голем, толку голем што и американската пратеничка Џендаи Фрејзер најави дека ќе го продолжи престојот во Најроби.
Реклама